Со помалку картички- поголем промет

Bez autora
Dec 27 2011

Им одмилеа ли на граѓаните кредитните картички, или заглавија со нив? Експанзијата на кредитирањето преку картички запира годинава, кога нивниот број за првпат бележи пад. Статистичарите на Народната банка на РМ пребројале дека во ноември во употреба биле дури над 10.600 кредитни картички помалку отколку во јануари. Годинава почнала со 301.842, а еден месец пред нејзиниот крај во употреба биле 291.230 кредитни картички. Банкарите сметаат дека во овие бројки нема ништо алармантно, иако во претходните години картичното работење беше во постојан подем. Тие едноставно сметаат дека граѓаните се заситиле од картичките. Објаснуваат дека едно лице користело по две, три и повеќе картички, а бидејќи нивното поседување значи и трошок, бидејќи се плаќаат камати и членарини, граѓаните си направиле математика и се свеле на една до две.

Со помалку картички- поголем прометИм одмилеа ли на граѓаните кредитните картички, или заглавија со нив?

Експанзијата на кредитирањето преку картички запира годинава, кога нивниот број за првпат бележи пад. Статистичарите на Народната банка на РМ пребројале дека во ноември во употреба биле дури над 10.600 кредитни картички помалку отколку во јануари. Годинава почнала со 301.842, а еден месец пред нејзиниот крај во употреба биле 291.230 кредитни картички.

Банкарите сметаат дека во овие бројки нема ништо алармантно, иако во претходните години картичното работење беше во постојан подем. Тие едноставно сметаат дека граѓаните се заситиле од картичките. Објаснуваат дека едно лице користело по две, три и повеќе картички, а бидејќи нивното поседување значи и трошок, бидејќи се плаќаат камати и членарини, граѓаните си направиле математика и се свеле на една до две.

Ова нивно толкување го поткрепуваат податоците за направениот промет со картичките. Со 10,6 илјади помалку картички минатиот месец во трговската мрежа и на банкоматите е направен промет за 160,8 милиони денари поголем отколку во јануари. Или преку кредитни картички во јануари се потрошени безмалку 911 милиони денари, а во ноември над една милијарда.

Свое толкување на оваа ситуација имаат и извршителите, кои присилно ги наплатуваат неплатените рати на кредитните картички.

Претседателот на Комората на извршители, Антонио Коштанов, вели дека во последно време се регистрираат повеќе извршувања за неплатени рати на кредитни картички. Но, и за него ситуацијата не е алармантна.

- Порано граѓаните се задолжуваа на кредитни картички и не плаќаа редовно, затоа што наплатата одеше потешко. Сега извршувањето преку нас е брзо, па граѓаните изгледа се освестија, сфатија дека долгот мора да се плати и најверојатно го редуцираат бројот на картичките што ги поседуваат - вели тој.

Коштанов информира дека меѓу 400. илјади предмети што моментално извршителите ги преземаат од судовите освен за тужени стари сметки за комуналии има и за долгови кон банките направени преку кредитни картички.

Заситеноста на пазарот од кредитни, но и од други платежни картички се случува во време кога банките нудат нови опции за нивно користење, како минус до неколку плати, трансфер на пари од една на друга и други кои до неодамна ги немаше. Стагнацијата на картичното работење доаѓа откако во периодот од 2009 до 2010 година бројот на картичките од сите видови се зголеми за 50 проценти.

Паралелно со кредитните картички се топи и бројот на банкарски сметки на граѓаните. Од почетокот на годинава до минатиот месец ги има за 78.500 помалку, иако до лани нивниот број постојано растеше.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik